Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

РАБОТИЛНИЦА – ЗАГУБЕНОТО ДРУГАРСТВО, ЗЛАТИЦА АПОСТОЛОВ, ООУ ЈАН АМОС КОМЕНСКИ-СКОПЈЕ 

Опис на  активноста: 

ВОВЕДНА АКТИВНОСТ: 

  • ИГРА-ЕМОЦИИ 

(Наставникот има претходно подготвени апликации на кои се прикажани емоции.Учениците имаат за задача да извлечат една апликација, истата да ја опишат и да дадат пример доколку се чувствувале така како што е прикажано на сликичката, да дадат опис на случката и да објаснат зошто се чувствувале луто, среќно,тажно…) 

 

  • ПРЕЗЕНТАЦИЈА- (КОНФЛИКТНА СИТУАЦИЈА ПОМЕЃУ ДРУГАРЧИЊА) 
  • (Наставникот има претходно подготвена презентација со слики  на кои се прикажани две деца, момче и девојче ,кои на првиот слајд разговараат љубезно, на вториот слајд се во конфликтна ситуација, а на третиот слајд се разделуваат без да си подадат рака, го губат другарството.) 

 

РАЗГОВОР ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

  • (Наставникот им поставува на учениците прашања во врска со проследената презентација; Што забележале? Каков е изразот на лицата на децата? Како се разделија на крајот? Дали на некого од вас му се случила слична случка?Објаснете)

ГЛАВНА АКТИВНОСТ: 

  • ЧИТАЊЕ НА ПРИКАЗНА”ЗАГУБЕНОТО ДРУГАРСТВО”  
  • (Наставникот ја читаприказната:”Загубено другарство” 

Сашка и Сашко биле најдобри другари. Тие учеле во исто одделение. Еден ден наставничката им дала домашна задача.Но, бидејќи времето било сончево, Сашко решил да игра фудбал, надвор пред неговата зграда, со своите другари.Приквечер кога се вратил дома, го обземала возбудата од фудбалот кој го играл со другарчињата, и заборавил да ја напише домашната задача. Следниот ден кога дошол во училиште се сетил дека има домашна задача, а дека тој не ја напишал. За тоа и се доверил на Сашка. Кога наставничката влегла во училница и прашала дали сите имаат напишано домашна задача, Сашко молчел, а Сашка без да размисли веднаш го издала Сашко на наставничката дека тој денес нема домашна задача. Наставничката го опоменала Сашко за неговата неодговорност пред целото одделение. Сашко се засрамил и бил многу тажен и гневен, особено што не очекувал дека ќе го издаде неговата најдобра другарка. Кога завршиле часовите, Сашко и Сашка многу се искарале и двајцата тажни си отишле дома.  

( Автор на приказната: Проф. по одд. настава : Златица Апостолов)  

  • РАЗГОВОР ЗА ПРИКАЗНАТА (НАСАВНИКОТ ПОСТАВУВА ПРАШАЊА :ЗА ШТО СЕ ЗБОРУВА ВО ПРКАЗНАТА? ЗОШТО СЕ СКАРАЛЕ ДРУГАРЧИЊАТА?ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ РЕШИ КОНФЛИКТОТ?КАКО МОЖЕ ДА ГО РЕШАТ КОНФЛКТОТ? 
  • Наставникот ги спроведува и објаснува следниве активности: 
  • АКТИВНОСТ1: РАБОТА ВО ГРУПИ  

Размислете и запишете во работниот лист како би било најдобро да се реши конфликтот ? Зошто сметате дека тој е најдобриот начин за негово решавање? 

 

  • ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЗАВРШЕНАТА АКТИВНОСТ НА ГРУПИТЕ 
  • (Секоја група ги презентира своите одговори,мислења и ставови) 
  • АКТИВНОСТ2: РАБОТА ВО ПАРОВИ 

Напишете текст по улоги во кој ќе наведете почит, помагање, взаемно почитување,меѓусебна соработка, емпатија на тема:” Другарството е нешто свето” . 

  • ИГРАЊЕ ПО УЛОГИ НА НАПИШАНИОТ ДИЈАЛОГ 
  • (Секој пар игра по улоги- драматизира  ,такашто го презентира својот напишан дијалог) 
  • АКТИВНОСТ3: РАБОТА ВО ПАРОВИ 

Напишете 5 поими кои ќе ги подредите такашто на она што му давате најголем приоритет ќе го запишете на врвот на  пирамидата на другарство. 

  • ЗАКАЧУВАЊЕ НА ПИРАМИДИТЕ НА ДРУГАРСТВО НА ПАНО ВО УЧИЛНИЦАТА. 
  • (Секој пар објаснува кој поим стои во пирамидата и на кое место,објаснува и зошто конкретниот поим што е на врвот на пирамидата е ставен токму таму на најзначајното место) 
  • АКТИВНОСТ4: ИНДИВИДУАЛНА РАБОТА 

Напишете неколку цитати за другарство! 

ЧИТАЊЕ НА НАПИШАНИТЕ ЦИТАТИ. 

( Учениците напишаните цитати ги читаат пред целото одделение ) 

ЗАВРШНА АКТИВНОСТ: 

  • СЛУШАЊЕ НА ПЕНАТА “ДРУГАРСТВО”. 

( Наставникот им пушта песна на учениците,а тие ја слушаат  ) 

  • РЕФЛЕКСИЈА 

Рефлексија од примена на активноста во пракса: 

Поставените цели беа реализирани  и  разбрани  од страна на учениците.  Очекуваните исходи беа постигнати во целост . Со големо  задоволство учениците ги работеа активностите .Во текот на работилницата имаше позитивна клима за работа.  

Во работата во групи учениците беа многу јасни и конкретни со многу идејни решенија како на позитивен начин да се реши конфликтната ситуација.Во втората активност креативноста дојде до израз при пишување на тесктот по улоги и драматизацијата. 

Третата активност изнуди насмевка на детските лица , бидејќи се двоумеа кој поим да го запишат на врвот на пирамидата, дојдоа до закчучок дека сите поими се подеднакво важни за другарството. 

Во четвртата активност запишаа интересни мисли за другарството , секој ученик на свој начин , според свои мислења,ставови и согледувања.Презентираа со големо задоволство.Соработуваа меѓе себе. Интеракцијата ученик-ученик беше застапена во голем дел од текот на работилницата. 

Играта со емоциите ја играа со натпреварувачки дух, секој да каже за некоја негова случка кога имал некоја емоција во себе.  

На крајот со задоволство ја слушаа песната и направивме заедно рефлексија за часот. Кажаа дека сакаат вакви интересни работлници, дека одлично се чувствувале и дадоа заклучок од целокупната работилница.  

Leave a Reply