Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието
РЕЦИКЛИРАЊЕ, АНИТА КОЦЕВСКА, ООУ„РАЈКО ЖИНЗИФОВ“- ОРИЗАРИ-ВЕЛЕС
Опис на активноста:
Оваа активност се состои од два дела:
1.Собирање на стара хартија и пластични шишиња
2.Изработка на предмети од рециклиран материјал
Учениците имаа за задача најпрво да донесат стара хартија и пластични шишиња,од кои изработија предмети кои може да ги користат во секојдневниот живот ( пр.изработија украсни чаши ,украсни кошнички и полици во кои може да го чуваат школскиот прибор).
Преку оваа активност учениците се поттикнуваат на размислување за:
-Намалување на отпадот- со купување на артикли кои навистина ни се потребни или со купување на производи кои не ја содржат непотребната амбалажа.
-Повторна употреба-повторна употреба на амбалажа,повторно полнење на пластични шишиња и садови,повторно користење на пластични кеси,подарување на стари играчки,книги,облека,бела техника,мебел итн. наместо да ги фрламе.
-Рециклирај-разделување на предметот на неговите составни делови и правење на нов предмет.
Материјал кој се рециклира-пластика,стакло,метал,хартија,текстил
Рефлексија:
Целта на оваа активност е учениците да разберат дека,ако го намалиме,повторно употребиме и рециклираме нашето ѓубре,ќе фрламе помалку отпад, а со тоа ќе ја заштитиме и чуваме чиста нашата животната средина.