Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието
Собата од моите соништа – О.У „Кузман Jосифоски-Питу“ Kичево – КЕТИ НАУМОСКА
ЦЕЛТА НА ПРОЕКТОТ БЕШЕ ДА СЕ ИЗРАБОТИ СОБА КАКВА БИ ПОСАКУВАЛЕ ДА ИМААТ УЧЕНИЦИТЕ КАКО НИВНО СОПСТВЕНО КАТЧЕ ВО ДОМОТ. ВО ИЗРАБОТКАТА НА ПРОЕКТОТ УЧЕСТВУВАА 14 УЧЕНИЦИ ОД 8 ОДД.РАСПОРЕДЕНИ ВО ТИМОВИ: ЗА РАБОТА СО СТИРОПОР, РАБОТА СО ГРАДЕЖЕН МАТЕРИЈАЛ, РАЧНИ ИЗРАБОТКИ И ТИМ ЗА КОМПЈУТЕРСКА ОБРАБОТКА. НА ПРОЕКТОТ СЕ РАБОТЕШЕ 2-3 МЕСЕЦИ.
ПОДЕТАЛЕН ОПИС НА АКТИВНОСТИТЕ ИМА ВО ВИДЕО МАТЕРИЈАЛОТ.
ВО ПРОЕКТОТ УЧЕНИЦИТЕ СОРАБОТУВАА МЕЃУ СЕБЕ КАКО ВО ТИМОТ, ТАКА И СО ДРУГИТЕ ТИМОВИ. СЕКОЈ УЧЕНИК СИ ИЗБИРАШЕ ЗАДАЧА СПОРЕД НЕГОВИТЕ МОЖНОСТИ И РАБОТНИ СПОСОБНОСТИ. УЧЕНИЦИТЕ ЗАЕДНО ГО НАБАВУВАА МАТЕРИЈАЛОТ, СЕ ДОГОВАРАА ШТО БИ ОДГОВАРАЛО ЗА ИЗРАБОТКА НА ОДРЕДЕН ДЕЛ НА СОБАТА, СИ ПОМАГАА И КОНСУЛТИРАА КАКО СО НАСТАВНИКОТ ТАКА И СО ХАУС МАЈСТОРОТ ПА И ДРУГИ ЛИЦА ОД ЛОКАЛНАТА СРЕДИНА (ГРАДЕЖНИЦИ, ЕЛЕКТРИЧАРИ И РОДИТЕЛИ). ВО ПРОЕКТОТ БЕА ЦЕЛОСНО АНГАЖИРАНИ И РАБОТАТА ИМ ПРЕТСТАВУВАШЕ ЗАДОВОЛСТВО И РЕКРЕАЦИЈА, А НЕ НАПОР. СО ДАВАЊЕТО НА СВОИ ИДЕИ ЈА ЗАЈАКНАА СВОЈАТА ИНДИВИДУАЛНОСТ И САМОДОВЕРБА.
ДОЈДЕ ДО ИЗРАЗ КРЕАТИВНОСТА НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА СВОЕ КАТЧЕ ВО ДОМОТ. УЧЕНИЦИТЕ СЕ САМИ СВОИ МАЈСТОРИ И ДИЗАЈНЕРИ, СЕ ОСТВАРИ КОМУНИКАЦИЈА МЕЃУ УЧЕНИЦИ ОД РАЗЛИЧНИ ПАРАЛЕЛКИ. КАЈ УЧЕНИЦИТЕ СЕ СТВОРИЈА ВЕШТИНИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ, РАКУВАЊЕ СО РАЗНИ ВИДОВИ АПАРАТИ, СЕ СОЗДАДОА РАБОТНИ НАВИКИ, СЕ СТЕКНАА СО ЗНАЕЊА КОИ МОЖАТ ДА ИМ ПОМОГНАТ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ, СО ЕДЕН ЗБОР ДОЖИВОТНО УЧЕЊЕ.
https://www.youtube.com/watch?v=90OjyIr3SRA&t=43s