ТАНГРАМ ПРЕДИЗВИК, Силвана Ристевска, ОУ„СТИВ НАУМОВ“-БИТОЛА
Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието
Опис на активноста:
„Образованието е пасош за иднината која им припаѓа на оние кои се подготвуваат во сегашноста“
Целта на оваа активност е да се истакнат позитивните ефекти кои ги нуди европската програма Еразмус+ врз учениците кои директно учествуваат во проектните активности во рамките на своето училиште како и во мобилностите за учење во други европски држави.
Предизвикот Танграм е дизајниран со цел да се покаже додадената вредност на ваквите стекнати меѓународни искуства со користење на едноставна аналогија.Односно,во овој случај станува збор за пренесување на лични емоции и искуства на ученици од нашето училиште кои се дел од Еразмус + проектот „Зелени училишта 2.0 за одржлива иднина“.Проектот е започнат од 2017 година и ќе трае до крајот на 2019 година и се работи во соработка со училишта од Италија,Португалија,Романија,Полска и Грција.
Оваа работилница има 3 дела и 6 тимови(идеално од три или четири ученици).
Прв дел: Дискусија
Учениците дискутираат околу следните искуства со кои се стекнале преку овој проект:
– за постигнувањата кои можат да се доживеат со тимска работа;
– за стекнатите вештини и умешноста како да се споделуваат информациите и искуствата;
– за позитивната афирмација на самите себе и пред своите врсници;
– за прифаќање на соработка и поддршка како дел од релациите помеѓу своите врсници;
– за запознавањето на нови култури и елементи на различни држави;
– за манифестирање на радост,емпатија,љубов и други позитивни емоции кон новите пријателства;
Своите идеи и заклучоци од дискусијата ги запишуваат како клучни зборови во табела на табла или на компјутер и истите ги бараат во превод на сите мајчини јазици (италијански,португалски,романски,полски,грчки)на своите другарчиња од проектот.Целта на оваа активност е потоа тие зборови да се вметнат во танграмите наменети за секоја држава одделно.
Зборови со кои учениците ги изразија своите искуства и емоции: разбирање,идеи,љубов,почит,самодоверба,вештини,радост,
личен развој,слобода,комуникација,игра,учење,поддршка…
Втор дел: Составување на шест танграми
Учениците работат во шест групи и секоја група има за цел да состави танграм во иста боја која ќе симболизира една држава –партнер од проектот.
Зелен танграм – Италија
Портокалев танграм – Португалија
Црвен танграм – Полска
Темносин танграм – Романија
Жолт танграм – Македонија
Светло син танграм – Грција
Наставникот им објаснува за загатката Танграм и им помага и ги насочува учениците во составувањето на секој танграм.Потоа на секој танграм, учениците го цртаат знамето на земјата и запишуваат по неколку зборови на различни јазици од табелата во првиот дел од работилницата.
Трет дел: Составување на голема слика Танграм со логото на проектот
Сите шест групи работат заедно со цел да состават еден голем танграм.
На тој танграм ќе го има логото на проектот„ Зелени училишта 2.0 за одржлива иднина“
Рефлексија:
– Што работевме денес?
– Како се чувствувавте додека работевте?
– Дали научивме нешто ново?
– Дали ќе го искористиме наученото за подобрување на самите себе си и околината во која живееме? Како?