Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности
во образованието
ТЕ ЗНАМ, НО КОЛКУ ТЕ ПОЗНАВАМ ?
Весела Богдановиќ и Михајло Костов
ОУ „Кочо Рацин“ с.Ивањевци, Могила
Опис на активноста
Преку 90 % од нашите ученици користат социјални мрежи и ги опишуваат како „супер места“ за другарување и комуникација. И ние се согласуваме со нив, но сепак, вреди да им покажеме дека живата комуникација има предности, понекогаш од суштинско значење, кои треба да ги разликуваат, чувствуваат и негуваат затоа што новите генерации често имаат впечаток дека знаат се за секого дури и ако само го имаат на листа пријатели. Честитаат родендени што ги „памети“ Фејзбук со копи-пасте пораки или спремни анимации. Се поретко комуницираат во живо, дури и со најблиските, за убави поводи и за недоразбирања. При обиди за решавање на проблеми преку дигитални пораки, доживуваат заморни дебати кои резултираат со конфликти кои продолжуваат и растат поради низа нови недоразбирања во текот на допишувањето. )…и тнт
АКТИВНОСТИ ПРВА ФАЗА ( А и Б)
А- 1. „Мои познати и „непознати“ пријатели.“ Анализи и дебати поврзани со лични искуства и примери.
- „Можните, реалните и сфатените „вистини“ зад објавени фотографии и објави“ (Гледаме „форма“ и мислиме дека ја знаеме и „содржината“ но..) Симулации и дебати за проценка. Како градиме модерни ставови, судови и предрасуди.
- „Сакав да кажам, но не ме сфати…“ Споделување на лични примери од искуства и изведување симулации за споредување на MSN/SMS/телефон- со предностите на жива средба за разрешување на проблеми и конфликти.
Б- 1. „Некогаш и сега“– Анализа, претпоставки и проценки на можни социјални и емоционални вредности на сочувани лексикони и споменари од минатото. Споредба, размена на искуства со постарите)
- Изработивме заедничка ориентациона листа на прашања за претпоставки и интервју на личност.
- Секој избра член од семејството или близок другар кој смета дека добро го познава: Најпрвин сам претпостави одговори на прашањата за него и ги запиша. Потоа запиша одговори за време на жив разговор со него и изработи креативна страница за нашата „Книга на тајните“. Направи споредба- пред и пoсле разговорот.
ФАЗА ДВА:
Подготвивме стикери за сите ученици од нашето училиште. Сега секој ученик „на среќа“ извлекуваше партнер и ја започнуваше играта „СОСТАНОК НА СЛЕПО“:
ПРВА ЗАДАЧА: 1. Истражување и претпоставки за да ги одговори прашањата за него, без комуникација со него. ВТОРА ЗАДАЧА: 1. Интервју во живо 2. Заедно ги споредуваа претходните претпоставки и разговараа за нив, од каде дошле, зошто мислев дека… 3. Цртаа заедничка „селфи фотографија“ и отпечатоци на дланките за спомен. ТРЕТА ЗАДАЧА: Играчот изработуваше креативна страница за својот партнер, прилог за нашата „Книга на тајните“.
ФАЗА ТРИ
- На што повеќе се радувам? (Избор: а/копи-пасте честитка, б/анимирана слика или в/порака напишана или искажана само за мене) Симулации и предизвици. Креиравме лични пораки за честитање на разни прилики (наместо копи-пасте решенија)
- „Подари убав ден“ Предлагавме активности за групни и поединечни роденденски изненадувања во живо и бесплатни подароци.
- Истражување- Родендените ги запишавме на посебни ливчиња по одделенија. Потоа ги класифициравме по годишни времиња, месеци и редослед на датуми. Изработивме училишен роденденски календар.
Рефлексија од примена на активноста во пракса
Ги унапредивме вештините и интересите за успешна „жива“ комуникација дури и помеѓу деца од различна возраст. Сега имаме заедничка училишна „Книга на тајните“ и „Роденденски календар“ на целото училиште, подготвени преку тимска работа и соработка на сите ученици, незaвисно од возраста. Видовме дека набљудувањето и „рекла-казала“ од страна често овозможува претпоставки и предрасуди, а разговорот во живо отвара фер прилики за вистинско запознавање. Сфативме дека проблемите побрзо и посигурно се решаваат при разговор во очи, а родендените на блиските не се честитаат со спремна копи-пасте анимација… Активноста продолжува со IV фаза во второ полугодие, во насока на изведување активности и симулации за вешта комуникација во различни реални животни ситуации („Избери што ќе кажеш следно за време на различни случки во ресторан, на шалтер, во автобус…)