Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието
„Хуманоста е надеж, среќа и љубов за оној на кому е најпотребна “ , Марија Стојановска, ОУ„Рајко Жинзифов“Оризари Велес
Опис на активноста:
Активноста најпрво започна преку комуникација, електронска комуникација на социјалните мрежи со училиштата во кои е застапена мултиетничката интеграција во нашиот град и преку повеќе кратни средби на кои го изработивме концептот за организација и реализација на хуманитарната акција наменета за лицата со оштетен вид. Активноста продолжи со запознавање на родителите со содржината на хуманитарната акција која се состоеше од подготовка на традиционална храна на различните етникуми, пакување и декорирање.
Главната активност од оваа работилница се состоеше од подготовка и продажба на традиционалната храна на штандовите и собирање на парични средстава наменети за донација. Акцијата беше успешно спроведена и реализирана, нашиот штанд имаше изобилство од традиционална храна која се продаваше по примамлива цена имаше значителна посетеност од страна на родители од различни етникуми. Учениците и родителите без разлика на етничката припадност се дружеа едни со други ги споделуваа своите сознанија за традицијата и културата на заеднците и ги вкусуваа продуктите од различните традиционални јадења.
Активноста беше успешно спроведена и реализирана според очекуваното. Од продажните штандови со традиционална храна се доби солидна сума од парични средства кои на крајот од активноста ги дониравме на лицата со оштетен вид која всушност беше и целта на реализирањето на оваа хуманитарна активност. Наставниците, учениците и родителите од различна етничка /јазична писменост беа рамноправни во секој поглед, сите учесници се доживеаа подеднакво вредни и продуктивни. Кај сите нас се побуди чувство на задоволство, чувство на хуманост затоа што со еден мал гест насмеавме прекрасни лица.
Рефлексија:
Се што беше планирано за хуманитарната акција се беше и реализирано. Активноста доста беше успешна. Тоа можеше да се види од лицата на самите учесници-учениците, наставниците и родителите. Традиционалната храна беше добро направена и целосно се продаде. А сите приходи беа донирани на лицата со оштетен вид. Всушност со самата реализација на оваа заедничка активност од страна на училиштата се донесе зклучок дека кога ќе се здружиме сите заедно без разлика на полот, верата и етничката припадност можеме да допринесеме многу како на пример на оваа хуманитарна акција која ја реализиравме, не беше голем настан но значеше многу за оние за кои е наменета. Хуманитарната акција беше само предизвик за понатамошно организирање на активности од овој тип на кои ќе се добиваат само позитивни резултати, активности на кои ќе се зголеми другарувањето, пријателството.