Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

                                                ЈАЗИКОТ НЕ Е ПРЕЧКА ЗА ДРУГАРУВАЊЕ

ВИКТОРИЈА СМИЛЕВСКА (ДЕФЕКТОЛОГ ВО НАСТАВА)

ВЕРА АНГЕЛОВСКИ (НАСТАВНИК ПО МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ) 

OПИС НА АКТИВНОСТА

УЧЕСНИЦИ: УЧЕНИЦИ СО ОШТЕТЕН СЛУХ ОД ПОСЕБНИТЕ ПАРАЛЕЛКИ И УЧЕНИЦИ СО УРЕДЕЕН СЛУХ

ПОГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД УЧЕНИЦИТЕ КОИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО АКТИВНОСТА СЕ ЧЛЕНОВИ НА УЧИЛИШНИОТ ХОР.  ТИЕ ВО ПРЕТХОДНИТЕ ЧАСОВИ ПО ХОР СЕ ЗАПОЗНАЕНИ ПРЕКУ РАЗГОВОР СО НАСТАВНИЧКАТА ЗА АКТИВНОСТА КОЈА СЛЕДИ И ПО СОПСТВЕН ИЗБОР СЕ ИЗДВОЈУВААТ ДЕЛ ОД НИВ КОИ ЌЕ БИДАТ ВО ПРВАТА ФАЗА И ЗАПОЗНАВАЊЕТО СО УЧЕНИЦИТЕ СО ОШТЕТЕН СЛУХ. УЧЕНИЦИТЕ СО ОШТЕТЕН СЛУХ ПОСЕТУВААТ НАСТАВА ВО ПОСЕБНИ КОМБИНИРАН ПАРАЛЕЛКИ КОИ СЕ ВО СКЛОП НА РЕДОВНОТО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ООУ КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ – ПИТУ, КИСЕЛА ВОДА, СКОПЈЕ, НО ВО ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ СО ШТО НИВНИТЕ СРЕДБИ ДО СЕГА НЕ СЕ ТОЛКУ ЧЕСТИ.

АКТИВНОСТА СЕ ОДВИВА ВО ДВЕ ФАЗИ:

ВО ПРВТА ФАЗА ПРИЈАВЕНИТЕ УЧЕНИЦИ ЗАЕДНО СО СВОТЕ ДРУГАРИ СО ОШТЕТЕН СЛУХ ОД ПОСЕБИТЕ ПАРАЛЕЛКИ И ПОД ВОДСТВО НА ДЕФЕКТОЛОГОТ КОЈ ЈА ВОДИ НАСТАВАТА, ЈА УСВОЈУВААТ ХИМНАТА НА ЗНАКОВЕН ЈАЗИК.

КАКО ВОВЕДНА АКТИВНОСТ СЕКОЈ ОД УЧЕНИЦИТЕ ИМАШЕ ЗА ЗАДАЧА ДА ГО ЗАПИШЕ СВОЕТО ИМЕ  НА ПАНОТО И ДА ДЕМОНСТРИРА НЕКОЕ ЖИВОТНО ПРЕКУ ПАНТОМИМА, ДОДЕКА ДРУГИТЕ ТРЕБА ДА ЈА ПОГОДАТ АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА ЖИВОТНО. НАПОРЕДНО СО ПАНТОМИМАТА УЧЕНИКОТ КОЈ ИМИТИРА КОРИСТИ И ЦРТЕЖ – СКИЦА КАКО БИ ГО ПРЕТСТВИЛ ЖИВОТНОТО, СО НАПОМЕНА ДЕКА НЕСМЕЕ ДА КОРИСТИ БУКВИ И ЗБОРОВИ. ЦЕЛТА НА АКТИВНОСТА Е МЕЃУСЕБНО ЗАПОЗНАВАЊЕ И НАДМИНУВАЊЕ НА БАРИЕРАТА ЗА ПОЧЕТНА КОМУНИКАЦИЈА ВО СИТУАЦИЈА ВО КОЈА НЕМОЖАТ ДА КОРИСТАТ ГОВОР (УСТЕН, А НИТУ ПИШАН). ПО ВОВЕДНАТА АКТИВНОСТ СЛЕДЕШЕ АЗГОВОР ОКОЛУ ТОА КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛЕ ДОДЕКА ОБЈАСНУВАЛЕ И КОЛКУ ЗА НИВ ПРЕТСТВУВАШЕ ТЕШКОТИЈА ИСТОТО. РАЗГОВОРОТ ВО ЦЕЛОСТ Е ПРЕВЕДУВАН НА ЗНАКОВЕН ЈАЗИК ПОДРЖАН СО УСТЕН ГОВОР.

ПО ВОВЕДНАТА АКТИВНОСТ УЧЕНИЦИТЕ (БЕЗ ОШТЕТУВАЊА И ТИЕ СО ОШТЕТЕН СЛУХ) СЛЕДАТ ВИДЕА КАКО ПРИМЕРИ НА КОИ СЕ ПРИКАЖАНИ ПРЕВОДИ НА ПЕСНИ НА ЗНАКОВЕН ЈАЗИК. ПРЕКУ ПРИМЕРИТЕ ТИЕ МОЖАТ ДА ЈА ВООЧАТ ФАЦИЈАЛНАТА ЕКСПРЕСИЈА И ВООПШТО ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО, КОЈА ВО ОВОЈ НАЧИН НА ИЗРАЗУВАЊЕ – ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА ПЕСНА, И ВООПШТО СЦЕНСКО ИЗРАЗУВАЊЕ Е МНОГУ ВАЖНА. ПОНАТАМУ УЧЕНИЦИТЕ ЗАЕДНИЧКИ СОРАБОТУВАА И ЈА  УСВОЈУВААТ  СОДРЖИНАТА НА ПЕСНАТА. НАСТАВНИКОТ – ДЕФЕКТОЛОГ ГО ВОДИ ПРОЦЕСОТ НА УСВОЈУВАЊЕ, ПРЕКУ ДЕМОНСТРАЦИЈА НА СООДВЕТНОТ ЗНАК ЗА СОДРЖИНАТА. СРЕДБИТЕ ПОКРАЈ УСВОЈУВАЊЕ НА ПЕСНАТА СОЧИНУВААТ И МЕЃУСЕБНИ РАЗГОВОИ (НА НАЧИНИ КОИ САМИТЕ ГИ ИЗНАОЃААТ ГЕСТОВИ, ПИШАН ГОВОР, ОТЧИТУВАЊЕ ОД УСТА, ИЛУСТРАЦИИ И СЛ, НА ШТО ДАДОВМЕ ГОЛЕМ АКЦЕНТ КАКО НАЧИН НА СОРАБОТКА И МЕЃУСЕБНО ПОЧИТУВАЊЕ), МЕЃУСЕБНО СЕ ПОДУЧУВААТ НА ФРАЗИ И ОСНОВНИ ПОЗДРАВИ КОИ СЕ КОРИСТАТ НА МАКЕДОНСКИ ЗНАКОВЕН ЈАЗИК. НАСТАВНИКОТ ДЕФЕКТОЛОГ Е ПОСТОЈАНО ПРИСУТЕН ЗА ДА ЈА ПОТТИКНЕ И ОЛЕСНИ ОВАА КОМУНИКАЦИЈА.

ПО УСВОЈУВАЊЕТО НА СОДРЖИНАТА НА ПЕСНАТА НА ЗНАКОВЕН ЈАЗИК ЗАПОЧНУВА ВТОРАТА ФАЗА. ВО ВТОРАТА ФАЗА СИТЕ ЗАЕДНО УЧЕНИЦИТЕ СО ОШТЕТЕН СЛУХ И ЦЕЛИОТ ХОР ВОДЕНИ ОД НАСТАВНИКОТ ПО МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ И ДЕФЕКТОЛОГОТ ЈА УСВОЈУВААТ СОДРЖИНАТА НА ПЕСНАТА. И ПОНАТАМУ ПРОДОЛЖУВААТ СРЕДБИТЕ НА ДЕЦАТА СО И БЕЗ ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХОТ, НО ВО ПОГОЛЕМА ГРУПА, СО ПОГОЛЕМА ВЕЌЕ СО ПОГОЛЕМА САМОДОВЕРБА. КАКО КРАЕН ПРОДУКТ ОД АКТИВНСТА ДОБИВМЕ УЧИЛИШЕН ХОР ВО КОЈ УЧЕСТВУВААТ И УЧЕНИЦИ СО ОШТЕТЕН СЛУХ И КОИ ЗАЕДНИЧКИ ГЛАСОВНО И ЗНАКОВНО  ја  ЈА ИНТЕРПРЕТИРААТ ПЕСНАТА „ЗА ОВОЈ СВЕТ“.

Рефлексија од примена на активноста во пракса 

Непознавањето на знаковниот јазик од страна на децата со уреден слух и недоволната самодовербва на глувите деца во училишната возраст, предизвикува бариера која не дозволува блиска комуникација и дружење на овие две групи на деца и покрај тоа што делат ист физички простор (училиштето).  

Одвивањето на првата фаза со помала група на деца со зачуван слух се покажа за успешна од причина што децата со оштетување добија поголема самодоверба и полесно пристапија кон комуникација. Изборот на деца кои беа во првата фаза беше ито така позитивен затоа што децата веќе ја имаа желбата и иницијативата (впрочем и затоа оставивме да биде нивна иницијативата, определбата) за знаковна комуникација што покажа позитивен резултат и успех во понатамошното другарување.  

Понатаму, и во втората фаза, останатите децата од хорот, како побројна група, многу лесно покажаа дека се подготвени меѓусебно да се дружат.  

Откако се воспостави основна комуникација преку воведната активносткако и што очекувавме се појавија обиди меѓу децата да развијат свој начин на комуникација (преку употреба на научениот гест, потоа неформални гестови, пантомима, слика, текст и сл). Ова дополнително овозможи проширување на комуникацијата и нивно меѓусебно дружење.  

Со завшување на работилниците со гордост можеме да истакнеме дека многу јасно се забележа остварувањето на основните цели  

  • Унапредување на своите способности за активно  

Слушање, комуницирање, изразувањеуважувајки ги   

Сопствените и туѓите чувстава и потреби; 

  • остварување  комуникација преку  соработка  наместо  преку  компетенција,  конструктивно  и  ненасилно  

однесување, 

  • Уважување  на  својата  личност  и  и  личноста  со  која  се  соработува, преземање  одговорност  за  сопственото  однесување, изнаоѓање решенија  со  позитивен  исход  за  сите  во  заедницата  (групата/ одделението/училиштето/семејството/пошироката заедница); 

  

Успехот на оваа акттивност даде поттик за понатамошно меѓусебно дружење на децата и подготовка на гласовна и знаковна интерпретација голем број на музички композиции со кои се претствуваме како училиште на повеќе различни манифестации. 

 

Leave a Reply