Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Играме и учиме

Весна Обрадовиќ

ООУ„ Кочо Рацин “ Прилеп

Опис на  активноста 

Јазични цели и клучен вокабулар – Слушање со разбирање на приказна, следење упатства, правилно користење на културни изрази , вокабулар ( седни, стани, зборувај, оди, поздрави се) 

Дидактички цели – Развивање на вештините сечење, виткање и лепење 

Воведна активност 

Учениците се редат во круг. Пеат и играат на претхдно учена песничка. 

Главна активност 

Ученците седат во групи од 4-6. Во секоја група сите деца изработуваат робот.Наставникот ја седи работата на учениците и ги поттикнува на соработка и меѓусебно помагање. Се воведува играта ,,Јас сум робот во која учениците со помош на своите роботи глумат претставување, поздравување, станување, седнување, одење следејќи инструкции на англиски јазик. Глумат улога на робот низ разговор и игра користејќи претходно усвоени јазични конструкции. 

Завршна активност 

Учениците заедно со своите роботи пеат песна за различни положби и движења на телото  

Рефлексија од примена на активноста во пракса 

Целите  на часот беа остварени. Учениците со радост ги изработуваа и играа со своите роботи. Разговараа и си помагаа меѓусебно во групите. Со задоволство ги употребуваа изучените зборови. Работната атмосфера беше релаксирана и тоа делуваше стимулативно за ангажирање на сите ученици.

 

Leave a Reply