Пријава за учество на конкурс ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието
Струјно коло, ДАНИЕЛА ПЕЛТЕКОВСКА, МАРИНА ВАСИЛЕВСКА-СТОЈАНОВСКА, ООУ ,,СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ”-МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Опис на активноста:
Оваа тема ги запознава учениците со концептот на електрична енергија и како таа се користи во секојдневните животи.
Таа исто така ги запознава со опасностите поврзани со користењето на електричната енергија и како таа да се користи безбедно.
Научното истражување се фокусира на:
- размислување за тоа што се очекува да се случи и дали резултатите го поддржуваат предвидувањето;
- истражување и тестирање на електрични кола;
- правење набљудувања и објаснување што е откриено.
Активност:
Набљудува и ги запишува набљудувањата.
Планира истражувачка работа
Предвидува што ќе се случи пред да одлучи нешто да направи
Истражуваат предмети и апарати кои работат на батерии, на пример, џебни светилки.
Ги местат батериите правилно да функционираат предметите.
Покажуваат различни компоненти на струјно коло – батерии, држачи за батерии, жици, конектори, држачи за светилки.
Во групи учениците работат со опремата.
Се Обидуваат да стават светилка во држачот за светилка , батерија во држачот за батерија итн.
секоја група манипулира со 1 батерија, 1 држач за батерија , 1 светилка, 1 држач за светилка и само 2 жици.
Учениците прават две различни кола – едно каде што сијалицата свети и други каде што не свети.
Презентација на изработките – струјни кола