Наслов на активноста | @ dream team- mini project ( Тим од соништата) |
Автор (име и презиме) | Kате Kутлешовска Tасевка, Весела Богдановиќ |
Институција | ОУ„ Кочо Рацин“ с.Ивањевци, Могила |
Одделение/година | II (второ) и VI (шесто) и iX (деветто) одделение |
Наставен предмет | англиски јазик, македонски јазик, ОЖВ |
Наставна содржина | Употреба на глаголи во минато време (правилни и неправилни) Употреба на модален глагол(Should -Shouldn’t), совети и забрани. Употреба на придавки и местоположба на придавките во реченицата. Увежбување на вештини.
Размислувам и создавам- Говор и разговор за тема од непосредната околина. Вежби за почетно пишување и читање. Комуникација. |
Потребни ресурси за реализација | Две „тегли„ од хартија, тегла, ленти за реченици, кутија за чевли, играчки, брашно, стиропор, видео проектор. |
Активноста се состоеше од неколку акции со ученици од второ, шесто и деветто одделение : Имаме ли проблем и зошто? Минатото и сега- Заедно е најубаво. Кутија на почитувањето (Appreciation Box) ДА- НЕ теглички за повратни информации. Wing baddy („Ко-пилот„ за убави зборови)
Поделбата на ГОЛЕМИ и МАЛИ е честа спонтана тема помеѓу учениците, а токму меѓугенерациската соработка е важна за поставување и одржување на позитивни меѓучовечки односи и врски и во секојдневниот живот и во училиштето како заедница. Од друга страна и вештините за давање конструктивна повратна информација се поле за итна и континуирана интервенција кај децата од сите возрасти, бидејки токму тие се честа причинa за взаемно непочитување и влегување во конфликтни ситуaции за време на игри, на одмор и слично. Од овие причини изведовме неколку поврзани акции кои овозможија враќање на веќе поставени вредности и вештини и унапредување на вештините за давање конструктивна повратна информација:
Минатото и сега- Заедно е најубаво ( II VI, IX одд)
Преку фотографии и филмови се навративме на проекти и работилници во кои сме биле успешни затоа што сме вклучиле дечиња од повеќе одделенија. На повозрасните ученици им беше интересно да се видат себе си колку биле малечки кога соработувале со повозрасни од нив, а вторачињата беа среќни со идејата за слични акции во кои би соработувале со големите. Заклучивме дека: Секој бил мал, а и сега е помал во спредба со некој друг, но сепак сакал и сака да биде рамноправен учесник во сите интереси активности. Заедно можеме брзо да обезбедиме ресурси за игри кои поединечно ниту на ниво на клас ги немаме или тоа би одело бавно. Заедно би имале повеќе идеи.
Преку Бура на идеи искажавме предлози што се можеме да правиме заедно и нацртавме цртежи на тема- Заедно е поубаво.
Додека вторачињата работеа на илустрација на Бурата идеи, учениците од шесто одделение подготвуваа:
- Двојазична кутија на почитувањето (Appreciation Box) за мали и големи.
Преку лични, но анонимни пораки до различни другарчиња децата искажуваа зошто секое другарче е посебно и зошто им се допаѓа за другар и соработник. Пораките ги пишуваа на англиски и македонски, за да можат да бидат прочитани и од страни на вторачињата кои потоа љубопитни вежбаа читање непознат текст, со упорност невидена за време на слични вежби за читање. И на малите и на големите им беше интересно кога ќе сретнеа порака за себе. Потоа се договоривме да направиме и Кутија за совети. За таа цел имавме нов предизвик- Да научиме како се дава конструктивна повратна информација без навредување. И така стигнавме до нашата следна активност:
Теглички за ДА И НЕ
Започнавме со разговор преку реални примери во кој ние наставниците им претставивме лични ситуации од нашето секојдневие во колективот. Што е кулутурно да се каже, а што не при различни ситуации. Да лажеме или ја кажеме вистината? Како се кажува вистината на „безболен“ начин за оној што ја прима? За да видат како звучи иста вистина искажана на различен начин повторно кажувавме неколку предлог текстови за конкретниот проблем и децата имаа задача да изберат кој најдобро звучи. Сега учениците имаа задача да замислат, што прво им доаѓа да му кажат некому при различни ситуации (изглед, облека, хигиена, однесување, постапка, навики…) На тој начин подготвивме тегла полна со „Не смеам да му речам- реченици“ и преку симулација се согласивме дека не е ниту хумано ниту културно да се упатат некому доколку и макар малку навредуваат..(Ти смрди здивот, оди подалеку! Тапа си по математика! Блузата ти е гној валкана! Гнасен си кога гризиш нокти!…)
Потоа подготвивме уште една тегла од хартија. Секој шестоодделенец со партнер второодделенец добиваше една „НЕ порака“ и за истата требаше да напише најмалку една „ДА реченица„ која ќе ја смести во тегличката со позитивни повратни информации како решение за конкретниот проблем.
Преку овие симулации заклучивме и почувствувавме: Не е добро да лажеме кога треба да дадеме совет или мислење, но мора да бидеме внимателни како ќе ја кажеме вистината и во која форма.
Wing baddy (II и IX одд) („Ко-пилот за убави зборови)
После обработка ка расказот „Убави зборови“ учениците од второ одделение добија лични ментори од IX одделение (еден на еден) со чија помош вежбаа изразување и пишување дијалози во кои имаа задача да претстават примена на „убави зборови„(те молам, извини, благодарам, да ти помогнам и слично) преку обраќањата на ликовите од тетатарот поставен на маса.
Иако усното креирање на дијалозите беше едноставна задача за малечките, помошта беше и тоа како добредојдена за време на вежбата за пишување, со оглед на тоа дека се работи за дечиња во период на описменување, а од возрасните другарчиња слушнаа и како напишаните дијалози звучат на англиски јазик. И малечките и големите искажаа задоволство од ова заедничко искуство. Малечките би сакале свој ученик-ментор дури и за време на сите часови, а на големите им било интересно што имале прилика да помагаат за активности за кои и тие како мали чувствувале слични проблеми, бидејки сега знаеле што нив им помогнало и интересно им било да се обидат да бидат учители.
Рефлексија од примена на активноста во пракса
Преку овие активности успеавме да покажеме
– колку е возможна и корисна меѓугенерациската соработка, а понатаму применлива и во секојдневен живот.
– Убаво е чувството да бидеш ученик-ментор
– Повратната информација не е играчка. Од неа зависи дали твојот збор „железна врата отвара“.- Повратната информација е вештина која се учи и наш скриен „адут „за успешна комуникација
– Секој може да биде корисен и потребен за нешто доколку околината му даде прилика и го вклучи
– Меѓугенерациската соработка е клуч за успех, учење и забава за сите нас. Честото навраќање на вакви акции е потреба на која треба да се посветува внимание за да се следат децата во развој и промените кои настануваат кај нив во секој следен период.