БЛУЗАТА НА МАРКО

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

БЛУЗАТА НА МАРКО, Биљана Настовски, ООУ „Благој Кирков“ – Велес, Подрачно училиште с. Караслари 

Опис на  активноста:

Како се чувствувате денеска?  

На таблата лепам слики со лица на коишто се изразени различни емоции и ги поттикнувам да размислат како се чувствуваат лицата. Ги замолувам на нивните лица да го изразат своето расположение и да го препознаат моето расположение (во повеќе верзии). Покажете како ќе се чувствувате ако: ДОБИЕТЕ ПОДАРОК, ЈА ИГРАТЕ ОМИЛЕНАТА ИГРА НА ИГРАЛИШТЕ, ПАДНЕТЕ И ЈА ПОВРЕДИТЕ НОГАТА… 

Следиме видео со краток анимиран филм „Подарокот“. Додека го следиме видеото, правам паузи за да дискутираме за емоциите коишто се појавуваат на лицето на Марко и за неговите постапки. 

             Дискусија на крајот од видеото: Го сменивте ли мислењето за Марко на крајот? Зошто Марко беше гневен? Што го натера Марко да го прифати подарокот (кученцето)?    

Активност „Блузата на Марко“: им ја покажувам на учениците блузата на Марко и давам насоки за активност (секој ученик ќе добие можност да ја облече блузата на Марко, да се обиде да се чувствува како него и да ги искаже емоциите).  

         Како ти би му помогнал на Марко да се чувствува подобро?  

РЕФЛЕКСИЈА: Што научивме денеска? Зошто е потребно да знаеме што чувствуваат другите? Кои чувства треба да преовладуваат во нашето секојдневие и зошто?     

Рефлексија од примена на активноста во пракса: 

 

Учениците го запознаа и го усвоија невербалниот начин на изразување емоции. Го сфатија значењето на поимот емпатија. Ученичка Ева: ,,Емпатијата ми треба за да чувствувам што чувствува Марко. Така добивам желба да му помогнам.“