ГОЛЕМ ДЕН, ВЕЛИГДЕН

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

                                                                                 ГОЛЕМ ДЕН, ВЕЛИГДЕН  

БИСТРА КОСТОВСКА 

ОУ ,,Д-р. Трифун Пановски” Битола, ПУ с. Дихово

ОПИС на активноста

За време на реализацијата на часот, ни гостува девојче од Германија(чија мајка потекнува од РМ) кое по возраст е врсник на петтоодделенците.Гостинката македонскиот јазик не го говори течно, но кога ќе наиде на проблем во изразувањето ни се обраќа на англиски јазик. Таа е католик по вероисповед и целта на нејзиното гостување е да не запознае со обичаите во нејзиното семејство и Германија посветени на велигденските празници. но и желбата да научи како во земјата од која потекнува нејзината мајка се прославуваат истите. 

ВОВЕДНИ АКТИВНОСТИ 

Учениците заедно со гостинката во училишниот двор плетат цветни венчиња и разкажуваат како се подготвуваат за најголемиот хриатијански празник, Велигден и паралелно прават споредби и извлекуваат заклучоци, што е исто, а што различно. 

ГЛАВЕН ДЕЛ: 

Се враќаме во училница и пристапуваме на бојадисување и украсување на велигденски јајца. Преку варијација на техниката Каменот што зборува, учениците раскажуваат за традицијата на бојадисување јајца во нивниот дом, првото кршење со велигденско јајце на полноќ на Велика сабота, , како и поклонувањето бојадисано јајца на секој гостин во  домот. а гостинчето пак објаснува како тоа изгледа во нејзината земја.Најголем  интерес кај учениците предизвикува ловот на велигденски јајца и легендата поврзана со него и велигденскиот зајак. 

 ЗАВРШЕН ДЕЛ: 

 Музичка игра Во потрага по велигденско јајце, исполнета со позитивно и ведро расположение на сите.По завршувањето на играта учениците и гостинката ги резимираа сличностите и разликите меѓу нашите и обичаите кај католиците и заклучија дека и првите и вторите се интересни, впечатливи и со радост ги практикуваат и почитуваат.

 Рефлексија од активноста

За време на часот учениците беа максимално ангажирани и посветени да споделат и научат, да идентификуваат што е исто, а што различно и да заклучат дека тоа што некој е различен не значи дека не може да биде дел од нас. Покажаа дека се спремни да се дружат, помагаат, сакаат, почитуваат и разбираатразвиваќи  чувство на почит, емпатија, доверба и прифаќање на другите култури.