ДЕНЕС ЈАС ЌЕ БИДАМ ПРИЧИНА ЗА ТВОЈАТА СРЕЌА

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  

за имплементација на позитивни општествени норми и вредности
во образованието 

 

ДЕНЕС ЈАС ЌЕ БИДАМ ПРИЧИНА ЗА ТВОЈАТА СРЕЌА    

ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп 

Елена Ташкоска 

Опис на  активноста

На сите ученици им поделив по едно палома марамче и им дадов инструкции за активноста. Марамчињата требаше да ги стават некаде на видно место на нив (пр. во преден, заден џеб, …), а потоа им кажав на учениците дека тоа марамче им е СЕ што им е потребно во животот (вода, храна, пријатели, љубов и тн.) и апсолутно ништо друго не им треба во животот. Ако го изгубат шамивчето, губат СЕ во животот, односно самиот живот. Ако го изгубат животот излегуваат од игра. И потоа им реков ИГРАТА МОЖЕ ДА ЗАПОЧНЕ. Учениците збунети, почнаа меѓу себе да си ги земаат шамивчињата. Кога останаа само неколку ученици со шамивчиња, ја прекинав играта. После тоа се разви дискусија зошто си ги земаа шамивчињата меѓусебно кога нивното марамче им е се што им треба, односно е доволно за живот. Оваа активност ги поттикна учениците да размислат за сето она што го имаат и дали е потребно да му нанесуваме на некого штета за ние да добиеме нешто?! Со оваа активност се развива емпатија меѓу учениците  и се закључува дека треба да бидеме задоволни со тоа што го имаме и во никој случај не смееме да им наштетуваме на другите за да добиеме ние нешто.  

 

Главна активност

На учениците им дадов задача да нацртаат нешто што го знаат најдобро и во исто време ќе се чувствуваат среќни што направиле добра изработка. Исто така им реков дека можат да побараат помош ако не се сигурни во цртањето на некои детали, или од мене или од соученик. Откако ги завршија цртежите им дадов задача своите ремек дела да ги ПОКЛОНАТ на некој на кој сакаат да се извинат за нешто, или едноставно некој да направат среќен. Некои од учениците си ги разменија меѓу себе а некои ги однесоја дома, да ги подарат на родител, брат , сестра, баба, дедо и тн. 

 

 

 

                                            Рефлексија од примена на активноста во пракса 

 

Оваа активност им помогна на учениците да станат свесни за вредноста на нештата во нивниот живот. Станаа свесни дека за да добијат нешто не треба да повредат некој друг или да му земат на некој друг нешто за тие да бидат среќни.  

А со активноста со цртежите учениците сфатија дека не треба којзнае колку за да направиме некого среќен. Доволно е само малку од нашето време и желба и некој цел ден ќе живее со таа среќа што ние сме ја поттикнале.