КОНКУРС ЗА PRO SOCIAL VALUES РАБОТИЛНИЦИ

КОНКУРС ЗА PRO SOCIAL VALUES РАБОТИЛНИЦИ – МАКЕДОНИЈА

Здружението ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО во рамки на Поектот Pro Social Values (Просоцијално учење или учење со емпатија)  поддржан и  финансиран од Erazmus+ KA2 програмата на Европска Унија, објавува КОНКУРС ЗА Pro Social Values РАБОТИЛНИЦA – имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието.

  1. Право на учество на конкурсот имаат едукатори од сите степени на образование.
  2. Активноста  треба да произлезе од сопствената пракса (примери на добра пракса, проектни, игровни активности) и треба да прикажува учење насочено кон подобрување на комуникацијата, развивање  емпатија, меѓусебно помагање и инклузија во училишната образовна практика, зголемување на соработката меѓу децата и младите, како и меѓу родителите, наставниците и пошироката заедница и локална средина.
  3. За учество на конкурсот едукаторите треба да пополнат формулар со податоци за наставникот, профилот на работна позиција, институција во која работи, како и опис на спроведената активност.
  4. Заедно со пријавата, наставникот треба да достави од 5 до 10 фотографии или видео матерјал (во времетраење од 3 – 5 минути) на кои е прикажана соодветната активност.
  5. Пријавите треба да се поднесат најдоцна до 31 јануари  2019 година, исклучиво по е-пошта на адреса на Здружението ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО: friendsofeducation2@outlook.com, со назнака: „Учество на конкурс  за Pro Social работилница“. Фотографиите или видео матерјалите за соодветната активност треба да се пратат заедно со формуларот, во прилог (attachment) на истиот е-mail.
  6. Сите пријавени едукатори кои ќе аплицираат на конкурсот, ќе може БЕСПЛАТНО (без уплата на котизација) да присуствуваат на Петатта Меѓународна Еду Конференцијата на наставници и информатичари 2019.
  7. На сите  пријавени едукатори кои ќе аплицираат на конкурсот ќе им се додели сертификат за учество со работилница на меѓународен проект од Erazmus+ KA2 програмата на Европска Унија.

Формата за пријавување е достапна на следниот линк  и не треба да излегува од приложената рамка, односно, не треба да надминува две страни.

Работилниците ќе бидат евалуирани од страна на жири составено од Универзитетски професори и советници од БРО, кои ќе изберат 30 најуспешни работилници, евалуирани според следните критериуми со еднаква важност:

  • Оригиналност
  • Применливост
  • Опис на методолошки пристап

Прирачник за наставниците со примери за работилници за конфликти и стереотипи е достапен на следниот линк.

Прирачник за наставниците со едукативни игри наменети за учење со емпатија е достапен на следниот линк.

FRIENDS OF EDUCATION

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply