Објасни убаво за да те разберам

Пријава за учество на конкурс  „Pro Social Values работилница“  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

Магдица Пеева 

ООУ „Живко Брајковски“ – Скопје 

                                                    ОПИС НА АКТИВНОСТА

Се почнува со игровна активност      

1. Се прави круг со рацете и еден ученик останува надвор од кругот, тој настојува да влезе во кругот, а останатите да не му дозволат. 

По играта се води разговор за чувствата кои ги имало детето „отфрлено“ од кругот (групата), и чувствата од останатите деца. Иако е нагласено дека станува збор за игра, ученикот кој бил надвор од кругот, кажува дека се појавило кај него чувство на несигурност, непријатност и отфрленост од групата. останатите ученици се изјаснија дека нив им се допаднало чувството на заедништво и припадност во групата обединета околу целта да не биде пуштен некој друг внатре во „кругот“. 

       Играта продолжува со насочени движења кои се инструирани со договорени команди. Ученик кој ќе го згреши движењето излегува од играта. По ова се разговара колку е важно да се почитуваат и следат правилата на играта и колку е важно да постојат определени правила. Учениците искажуваат дека им било „криво“ кога требало да ја напуштат играта поради направена грешка, но сепак ги почитувале правилата во играта. 

  • следната активност е работа во парови: учениците имаат задача да седнат свртени со грб еден кон друг. Едното дете на својот партнер  му објаснува што да црта без да каже за каков предмет точно се работи. На пр. нацртај права хоризонтална линија, во десен горен агол обележи точка и сл. Партнерот ги слуша инструкциите и црта. На крај се споредуваат двата цртежи.  
  • Потоа се менуваат улогите и детето што цртало по насоки сега дава насоки и објаснува што да црта партнерот.    

Повторно се споредуваат цртежите на крај од активноста. 

 Разговор за извршените активности и опишување чувства кои се предизвикани.  

При започнување со работа, признаваат дека биле збунети и несигурни, не секоја насока им била сосема јасна. 

Кога ги смениле улогите веќе имале појасна слика, се чувствувале посигурно што и како да прават за да бидат поуспешни изведбите од добиените насоки. 

Најчесто разликите меѓу цртежите потекнуваат од недоволно прецизни и јасни објаснувања. 

 

РЕФЛЕКСИЈА ОД ПРИМЕНА НА АКИВНОСТА ВО ПРАКСА

  • тешко е кога групата врсници не те прифаќа и затоа треба да се трудат да им дадат шанса на другите (новите) другари; 
  • не би можело да се  игра ништо без да се почитуваат определени(договорени) правила- сфатија дека без почитување правила и меѓусебно почитување скоро ништо не би можело да се прави(спортување, учество во сообраќај, играње, другарување, живеење во семејството, во училиштето, возрасните на работа...) 
  • често се случува да објаснуваме нешто а тој што нè слуша да не нè разбере правилно и точно. заклучуваат дека често караниците меѓу нив се случуваат поради недоразбирања или недоволно јасно изразување. 
  • сфатија дека е поприфатливо да имаат помош и подршка од врсниците и семејството