-Приказна на ДРУГИОТ -Игра-Кое годишно време го сакам -Картонска книга- “Облечете ја Здравка” -Покажување на емоции и чувства од одредени зборови со гестикулации и мимики.

Пријава за учество на конкурс  Pro Social Values работилница за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

Приказна на ДРУГИОТ 

-Игра-Кое годишно време го сакам 

-Картонска книга- “Облечете ја Здравка” 

-Покажување на емоции и чувства од одредени зборови со гестикулации и мимики

ЕЛЕНА СИМОНОВСКА 

ООУ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ, С. ДРАЧЕВО, СКОПЈЕ

ОПИС НА АКТИВНОСТА

ВО ОДНОС НА ПРВАТА АКТИВНОСТ НА УЧЕНИЦИТЕ ИМ БЕА ДАДЕНИ НАСТАВНИ ЛИСТОВИ СО ГЕОМЕТРИСКИ ФОРМИ, НО НА СЕКОЈ ЛИСТ ИМА ПО НЕКОЛКУ ФОРМИ. РАБОТАТ ВО ПАРОВИ:ПРВО ЕДНИОТ УЧЕНИК ОДБИРА ЕДНА ГЕОМЕТРИСКА ФОРМА И БЕЗ ДА ЈА ГЛЕДА ДРУГАРЧЕТО МУ ЈА ОПИШУВА, А ТОА ЦРТА СПОРЕД ОПИСОТ НА ПРАЗЕН ЛИСТ. ПОТОА ЈА СЕЧЕ ОРИГИНАЛНАТА СЛИКИЧКА И ЈА ЛЕПИ ДО ЦРТЕЖОТ. СЕ ПРАВИ СПОРЕДБА ПОМЕЃУ ЦРТЕЖОТ И ОРИГИНАЛНАТА СЛИКИЧКА И СЕ БОЈАТ И ДВАТА. ПОТОА СИ ГИ ЗАМЕНУВАТ УЛОГИТЕ. 

ВО ОДНОС НА ВТОРТА АКТИВНОСТ БИДЕЈЌИ НИ БЕШЕ ПОТРЕБЕН ПОГОЛЕМ ПРОСТОР, АКТИВНОСТА ЈА ИЗВРШИВМЕ ВО ФИСКУЛТУРНАТА САЛА. УЧЕНИЦИТЕ СЕ НАРЕДИЈА ВО КРУГ И ИМ БЕА ДАДЕНИ НАПАТСТВИЈА ШТО ТРЕБА ДА ПРАВАТ. ОНИЕ КОИ ЈА САКААТ ПРОЛЕТТА ТРЕБА ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ ЕДЕН ЧЕКОР НАЗД И ДА КЛЕКНУВААТ И СТАНУВААТ И ДА ГИ ШИРТ РАЦЕТЕ КАКО ЦВЕТ. ОНИЕ КОИ ГО САКААТ ЛЕТОТО ТРЕБА ДА СИМУЛИРААТ ПЛИВАЊЕ ВНАТРЕ ВО КРУГОТ. ОНИЕ КОИ ЈА САКААТ ЕСЕНТА ТРЕБА ДА ЛЕТААТ КАКО ЛАСТОВИЧКИ ИСТО ТАК ВО КРУГОТ, НО ДА ВНИМАВААТ ДА НЕ СЕ ДОПРАТ СО ПЛИВАЧИТЕ. ОНИЕ КОИ ЈА САКААТ ЗИМАТА СИМУЛИРААТ СКИЈАЊЕ ОКОЛУ ПРОЛЕТНИТЕ ЦВЕТОВИ, НО ИСТО ТАКА ВНИМАВААТ ДА НЕ СЕ ДОПРАТ ЕДНИ СО ДРУГИ. 

ВО КОНТЕКСТ НА ОВАА АКТИВНОСТ УЧЕНИЦИТЕ НАПРВИЈА КАРТОНСКИ КНИГИ СО ГОДИШНИ ВРЕМИЊА И ГИ ОБЛЕКУВАА СООДВЕТНО ГОДИШНОТО ВРЕМЕ. 

НА КРАЈ АКТИВНОСТ ЗА РЕЛАКСИРАЊЕ СО КОЈА ГИ ПОКАЖАА СВОИТЕ ЧУВСТВА И ЕМОЦИИ КОН ОДРЕДЕНИ ЗБОРОВИ КОИ БУДАТ РАЗЛИЧНИ ЧУВСТВА ВО НИВ И СО МИМИКИ И ГЕСТИКУЛАЦИИ ГИ ПОКАЖАА.   

    Рефлексија од примена на активноста во пракса

СИТЕ УЧЕНИЦИ БЕА МАКСИМАЛНО АНГАЖИРАНИ ВО АКТИВНОСТИТЕ. ЦЕЛТА Е ПОСТИГНАТА. УЧЕНИЦИТЕ НИЗ ИГРА ГИ ПОКАЖАА СВОИТЕ ЧУВСТВА И ЕМОЦИИ КОН ОДРЕДЕНО ГОДИШНО ВРЕМЕ ВО ЗАВИСНОСТ КАКВИ ЕМОЦИИ БУДИ ВО НИВ. ИСТО ТАКА СО МИМИКИ И РАЗНИ ГЕСТИКУЛАЦИИ ГИ ПОКАЖАА ЕМОЦИИТЕ ВО СЕБЕ КОИ ГИ БУДАТ ОДРЕДЕНИ ЗБОРОВИ.