УМЕТНОСТ ВО МАТЕМАТИКАТА

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,,  за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

УМЕТНОСТ ВО МАТЕМАТИКАТА, ООУ„БЛАГОЈ КИРКОВ“-ВЕЛЕС, Сениха Брзева

Опис на  активноста:

Воведна активност 

Учениците се делат во групи од по 4 ученика. Наставникот ги  презентира целите  на работилницата како и тоа што значи String Art, или уметност со конец т.е аранжман од обоени конци нанижани помеѓу точки за да формираат апстрактни геометриски форми. 

Конецот се намотува околу решетка од клинци заковани на стиропор или дрвена даска. Групите ги добиваат потребните материјали за оваа работилница.Преку презентацијата учениците се насочуваат како да  изработат String Art, а преку апликацијата Math Illustrations ја увежбуваат постапката за нејзина конструкција. 

 

 

Главна активност 

Целта на работата на групите ученици е преку крива да добијат права по даденото објаснување. На едната страна од означениот агол, започнувајќи од темето, на едниот крак од аголот се нанесуваат еднакви поделци означувајќи ги со броеви од 1 до 10. Истото се повторува на другиот крак од аголот, означувајќи ги со броеви од 10 до 1. Потоа се поврзуваат број еден (1) од едниот крак на аголот со број (1) на другиот крак од аголот, истото се повторува поврзувајќи ги броевите 2 со 2 итн  

На тој начин се добива крива која е нацртана само со прави линии, а можат да се добијат и комплексни форми какви што се прикажани подолу на цртежите. 

Користејќи Math Illustrations (MI) може да се направат убави дизајни базирани на практични принципи – Конструирање на  Криви   

Завршна активност и рефлексија 

Учениците по завршувањето на геометриските шеми, ги претставуваат пред останатите ученици во мини изложба.  

Поставените цели беа исполнети во целост. Во текот на целиот час учениците се максимално ангажирани и успешно ги конструираат дадените фигури кои што требаше да ги изработат. Учениците се чувствуваат задоволно од сопствениот придонес, личен ангажман, креативност и особено од добиениот резултат во оваа креативна работилница. 

Примена на активноста во пракса:

Денес геометриските шеми се користат во повеќе домени, ѕидни плочки, теписи. Линеарните дизајни се всушност развиени од шеми со различни форми и големини. Процесот на создавање на линеарен дизајн е сличен на ситуации од реалниот свет според  начинот на кој ние создаваме дизајни за теписи, плочки, столици, маици, па дури и згради, но листата е бесконечна. Чекорите за создавање на сите дизајни се многу слични, тие само вклучуваат ставање точки на координатната мрежа за да се открие самата фигура