„УЧИ ЗА ДРУГИТЕ ВО СВЕТОТ, СОРАБОТУВАЈ, КУЛИРАЈ, ВО БИБЛИОТЕКА КНИГИ ДОНИРАЈ“

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница,, за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието 

АНА БОШКОСКА

ООУ„БЛАЖЕ КОНЕСКИ“-ПРИЛЕП

      OПИС НА АКТИВНОСТА

*ПРЕТХОДНИ МУЛТИКУЛТУРИ АКТИВНОСТИ:

-ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ СО ЗНАМЕ, ХРАНА , МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ ОД МЕКСИКО;

-ИСТРАЖУВАЊЕ И ИЗРАБОТКА НА ПЛАКАТИ ОД СТРАНА НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА СПЕЦИФИКИ НА АРГЕНТИНА, ФИЛИПИНИ, САД, АВСТРАЛИЈА И СРБИЈА;

-ИЗРАБОТКА НА КНИГА НА ВОЛШЕБНИ ЗБОРОВИ (ТЕ МОЛАМ, БЛАГДАРАМ, ИЗВИНИ, ДОБАР ДЕН, ТЕ САКАМ, ДОВИДУВАЊЕ) НА МАКЕДОНСКИ , СРПСКИ И АНГЛИСКИ ЈАЗИК;

-СТАПУВАЊЕ ВО КОМУНИКАЦИЈА СО УЧЕНИЦИ  ОД ДРУГО ГОВОРНО ПОДРАЧЈЕ;

-ИЗРАБОТКА НА СВЕТСКА МАПА – ЖИВОТНИ ОД СИТЕ КОНТИНЕНТИ.

*„ТВОЕТО МАЛКУ ЗА НЕКОГО Е МНОГУ“ ПРЕТСТАВУВА АКТИВНОСТ ВО КОЈА СЕ ВКЛУЧИЈА УЧЕНИЦИТЕ, НИВНИТЕ РОДИТЕЛИ И ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА СО ЦЕЛ ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА И ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА КАЈ СИТЕ ЗА МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ, ВАЖНОСТ НА ОБРАЗОВАНИЕ И ЧИТАЊЕ, СОРАБОТКА И ПОМАГАЊЕ.

СО УЧЕНИЦИТЕ ПОБАРАВМЕ ОД РОДИТЕЛИТЕ ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПЕРНИЦИ КОИ ЌЕ БИДАТ УКРАСЕНИ СО ИЛУСТРАЦИИ ОД ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ. РОДИТЕЛИТЕ СО ГОЛЕМ ИНТЕРЕС СОРАБОТУВАА.

УЧЕНИЦИТЕ ИСТРАЖУВАА НА ИНТЕРНЕТ ФОТОГРАФИИ СО СИМБОЛИ И ЗНАМИЊА НА ЗЕМЈИ ОД СИТЕ КОНТИНЕНТИ И ОД ТИЕ ФОТОГРАФИИ РОДИТЕЛИТЕ ИЗРАБОТИЈА ЛЕПЕНКИ КОИ ГИ СТАВИВМЕ НА ПЕРНИЦИТЕ.

СЛЕДНА АКТИВНОСТ БЕШЕ ПРОДАВАЊЕ НА ПЕРНИЦИТЕ ВО ЛОКАЛНАТА СРЕДИНА СО ЦЕЛ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ ФИНАНСИСКИ СРЕДСВА КОИ ЌЕ СЕ УПОТРЕБАТ ЗА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ПО НАША ЖЕЛБА. ПОТТИКНАТИ ОД ПОГОВОРКАТА „ДАЈ МИ РИБА  ЌЕ БИДАМ СИТ ЕДЕН ДЕН, НАУЧИ МЕ ДА ЛОВАМ РИБА  ЌЕ ТИ БИДАМ БЛГОДАРЕН ЦЕЛ ЖИВОТ! ОДЛУЧИВМЕ ПАРИТЕ ДА ГИ УПОТРЕБИМЕ ЗА КУПУВАЊЕ НА КНИГИ И СЛИКОВНИЦИ КОИ ГИ ДОНИРАВМЕ ВО НАШАТА УЧИЛИШНА БИБЛИОТЕКА.

ЗА РОДИТЕЛИТЕ ИЗРАБОТИВМЕ БЛАГОДАРНИЦИ , А ЗА НАШАТА ХУМАНА АКТИВНОСТ  БЕВМЕ ПРИМЕНИ ОД РАКОВОДСТВОТО НА УЧИЛИШТЕТО И СИТЕ ДОБИВМЕ БЛАГОДАРНИЦИ ЗА АКТИВНОСТА.

                                                                                   Рефлексија од примена на активноста во пракса 

*ВКЛУЧЕНИ УЧЕНИЦИ, РОДИТЕЛИ И ЛОКАЛНА СРЕДИНА ВО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ХУМАНИТАРНА АКТИВНОСТ.

*ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА НА УЧЕНИЦИТЕ ЗА ВАЖНОСТА НА ПОМАГАЊЕТО И ДАРУВАЊЕТО.

*ВКЛУЧЕНОСТ ВО МУЛТИКУЛТУРНИ АКТИВНОСТИ, ЗАПОЗНАВАЊЕ И ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ.

*ПОДОБРЕНА КОМУНИКАЦИЈА МЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ, РОДИТЕЛИТЕ И ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА.

*ЗБОГАТЕНА УЧИЛИШНА БИБЛИОТЕКА И ИЗГРАДЕН ОДНОС ЗА КОРИСТЕЊЕ НА КНИГИТЕ И ВАЖНОСТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО ВО ЖИВОТОТ.

*ОГРОМНО ЗАДОВОЛСТВО КАЈ УЧЕНИЦИТЕ ПРИ РЕАЛИЗАЦИЈА НА АКТИВНОСТИТЕ.