,,Pro Social Values Week,,
Покажи ја различноста, Покажи дека се грижиш – имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието.
ОУ ГРИГОР ПРЛИЧЕВ– OХРИД, Николина Спасеска
Овој проект траеше подолго време и се реализираше низ повеќе наставни часови и содржини. Учениците преку текстови, игри и разговор учеа како треба да му се помага на другарчето кога му треба помош, кога е различн од нив. Главни активности беа:
- боењето на рачињата и изработка на постери
- боење на лицата
- ритмички настап со песната ОБОИ МЕ од Калиопи
- учениците ги претставија зборовите од рефренот со знаковен јазик
Својот настап им го посветија на своите другарчиња со ретки болести. Своите лице ги насликаа со боите на ретки болести и официјално се вклучија во капањата.
#ShowYouRare #ShowYouCare #RareDiseaseDay
УЧЕЊЕ НА ПОЗИТИВНИ ВРЕДНОСТИ – ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИТЕ, СОЧУВСТВИТЕЛНОСТ, ЕМПАТИЧНОСТ