[:mk]

Три дена гејмери, графички дизајнери и уметници работеа со десет ментори од Бирото за развој на образованието, академици и едукатори од предучилишно образование и од основно образование на заедничко создавање електронски игри за поттикнување на учењето преку игра.

Најдобрите онлајн и дигитални игри што ќе се подготват на овој хакатон ќе бидат вклучени во националната веб платформа за образование – онлајн библиотека со едукативни игри и ресурси за родители и наставници кои ќе служат за да се збогатат можностите за учење на децата од предучилишна возраст и во првиот циклус на основно образование (од 1 до 3 одделение).

“Учењето преку игра е еден од најважните начини на кои малите деца стекнуваат суштински знаења и вештини. Тие играат за да го разберат светот околу нив. При изборот да играат со она што им се допаѓа, децата развиваат вештини во сите развојни домени: во интелектуалниот, социјалниот, емоционалниот и физичкиот домен. Подеднакво важно е што тие ги развиваат вештините неопходни за учење како што се способноста за решавање проблеми, анализа, проценка, примена на знаењето и креативност,“ Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.

Глобалните истражувања покажуваат дека учењето преку игра ги подобрува академските и развојни резултати на децата. Исто така, тие потврдуваат дека има долгорочни придобивки од програмите за развој во раното детство во кои децата се изложени на учење и решавање проблеми преку самоиницијативни активности и насоки од наставниците. Иако традиционалниот пристап кон учењето во основните училишта е фокусиран на предавања, истражувањата покажуваат дека учењето преку игра е подеднакво ефективно и во програмите во основните училишта.

Практичните алатки кои ќе бидат достапни на веб платформата се дизајнирани за да го поддржат учењето преку игра на сите места каде што детето најчесто престојува – дома, во предучилишните установи и на училиште.

Inno4Edu хакатонот се организира во партнерство со СмартАп – Лабораторија за социјални иновации со поддршка од Владата на Велика Британија преку Британската амбасада во Скопје во партнерство со УНИЦЕФ, Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика и Бирото за развој на образованието како дел од програмата „Создавање средина што овозможува подобрување на квалитетот на образованието преку ко-креирање и иновации“.

[:]

Leave a Reply