Презентација на проектот Просоцијални вредности во ООУ „Крсте Мисирков“ – Скопје

 

На 09.07.2018 во ООУ„Крсте Мисирков“ Скопје, се одржа презентација на проектот „Просоцијално учење, учење со емпатија“. На презентацијата присуствуваа најголем дел од одделенските и предметните наставници во училиштето. Истите беа запознаени со целта и фокусот на проектните активности, како и вредностите кои ги промовира просоцијалното учење. Интересот на наставниците за поддршка на просоцијалното учење беше голем и истите со нетрпение ги очекуваат следните активности во овој проект.

Презентација на европскиот проект Просоцијални вредности во с. Богомила

Наставниците од ООУ Петре Поп Арсов во с.Богомила се запознаа со европскиот проект ProSocial Values чии активности се во насока на развивање на емпатија, подобрување на комуникацијата кај децата и младите, зголемување на соработката, меѓусебното помагање, што крајно води до намалување на насилството помеѓу врсниците и интеграција на различни групи во општественото живеење. Сите дополнителни информации за дополнителни активности ќе ги добиваат преку официјалната страна на проектот http://psv.europole.org/mk/ и фб страната https://www.facebook.com/prosocialvalues/.

Prosocial values project school presentation

На 29.06.2018 година во на ООУ ,,Кирил и Методиј“ с. Канатларци – Прилеп  во организација на „Здружението за развивање и дигитализација на образованието и културното наследство ПРИЈАТЕЛИ НА ОБРАЗОВАНИЕТО” беше промовиран  поектот Pro Social Values (Просоцијално учење или учење со емпатија) поддржан и  финансиран од Erazmus+ KA2 програмата на Европска Унија. На промоцијата учествуаа 24 наставници од предметна и одделенска настава од училиштето и беа запознати со проектните активности, можностите за нивно учество во проектот како и имплементација на работилници на тема Pro social Values во нивнта наставна практика. Промоцијата ја водеше Дарко Талески, наставник по ликовно образование.