Упатства за зедницата на просоцијални вредности

Никому помалку- вмрежување

Упатства за заедницата на просоцијални вредности

Интернационалната заедница за просоцијални вредности е мрежа на училишта и образовни институции кои веруваат во важноста на вредности како емпатија, почит, солидарност, соработка, мир и т.н., како основа на секое цивилно општество.  Оваа заедница е спремна да ја претстави на национално и интернационално ниво ваквата посветеност и го промовира начинот на применување и придржување кон погоре наведените норми.

Заедницата вклучува училишта и други заинтересирани странки ширум Европа и е сконцентрирана околу наставници кои сакаат да ја практикуваат просоцијалноста во наставната пракса, но и во секојдневниот живот. Оваа заедница се стреми да предизвика вистинска промена во начинот на кој децата учат да живеат заедно на еден подобар начин. Ширењето на просоцијални вредности и вештини меѓу учениците, ќе помогне во намалувањето на врсничкото насилство и социјалната изолација и ќе влијае во општеството со тоа што ќе го трасира патот кон мирољубиво и инклузивно општество.

Во заедницата има различни улоги:

  • Лице референт

Ја претсавува институцијата како член на советот на заедницата;

  • Национални институции за координација

Националните координатори на училиштата и наставниците амбасадори, кои на почетокот се организациите – партнери во проектот, ја претставуваат образовната институција (јавно тело или организација која има национално влијание). Тие се дел од транснационалниот совет на просоцијалната заедница, во која претставниците, (по еден од секоја земја), ќе бидат назначени како членови на советот.

Нивната улога е да:

  • Бидат контакт точки за членовите на заедницата на национално ниво;

  • Да лобират и убедуваат нови училишта да се вклучат во заедницата;

  • Планиираат годишни настани (најмалку една конференција или работилница годишно) и да ја координираат локалната „Просоцијална недела“;

  • Да прикачуваат образовни ресурси, наставни материјали, видеа, часови со што се збогатуваат материјалите користени за десеминација; 

  • Одбираат и создаваат соодветен канал на комуникација со училиштата со кои се вмрежени за ширење на вести, објави, билтени, лични средби.

  • Училишта амбасадори 

Училиштата кои се дел од заедницата на просоцијални вредности се главните промотори на ваквите вредности. Тие подучуваат и ги промовираат во секојдневната образовна рутина просоцијалните вредности и ја вклучуваат и локалната заедница. Директорите на училиштата амбасадори потпишуваат манифест за прифаќање на просоцијални вредности и бараат истите да бидат прифатени од наставниците и сите други вработени.

Нивната улога е:

  • Учество во просоцијалната недела;

  • Организација на просоцијални активности кои ги вклучуваат учениците и локалната заедница;

  • Усвојување на манифестот:

  • Ги промовираат просоцијалните вредности во локалната заедница;

  • Учествуваат на годишниот настан организиран од националната инстутуција- координатор;

  • Споделуваат искуства со други.

Наставници амбасадори

  • Амбасадорите се мотивирани, динамични наставници кои се истакнуваат во заедницата и локалниот контектс. Кога ќе пристапат на заедницата, наставниците ќе имаат можност слободно да ги користат материјалите поврзани со просоцијалност (планови за часови, практични активности, статии и онлајн ресурси, да споделувааат примери од добра пракса, прашања, идеи, мисли и да споделуваат инспирација со колеги ширум Европа, да предлагаат теми за дискусија; дополнително тие може да советуваат како да се дизајнираат активности кои промовираат вештини како пријателство, соработка, фер игра, грижа за околината, дарежливост и доверба.

  • Наставници може да бидат амбасадори и во случај неговото училиште да не е дел од заедницата.

Нивната улога е да:

  • Создаваат образовни матерјали за просоцијалност, (во и надвор од училиштето), ги прикачуваат онјалн за да придонесат во собирање на материјали за добра пракса;

  • Вклучуваат и други наставници да применуваат и прикачуваат активности за просоцијалност;

  • Вклучуваат ученици, колеги, членови на локална заедница ( националните координатори и партнерите ќе овозможат начини и средства да им ја олеснат работата при имплементацијата на просоцијалните активности).

Избор на амбасадори:

Национални координатори од институционалните амбасадори:

Во моментов, тоа се претставници од партнерските организации на проектот, но ова улога може да биде отворена и да вклучи и други заинтересирани странки од државни или приватни организации или мрежи кои вклучуваат повеќе од 20 училишта.

Институционалните амбасадори треба да регрутираат членови во просоцијалната заедница, да им пружат поддршка, да ги прмовираат и спонзорираат локалните настани и работилници за просоцијалност.

Училиштата амбасадори:

Училиштат кои сакаат да станат амбасадори треба да имаат претставник -директор кој е мотивиран да биде домаќин на барем една просоцијална активност која го вклучува училиштето и локалната заедница и барем еден наставник кој ќе организира едукативни активности за просоцијални вресности, придонесувајќи со тоа кон збогатување на ресурсите.

Амбасадори наставници:

Наставник или друг заинтересиран/а кој сака да стане амбасадор може да аплицира кај институционалните амбасадори. Не мора да бидат наставници или вработени во училиште –амбасадор.

Наставникот треба да:

  • Биде мотивиран и заинтерсиран за учење и споделување на искуства и добра пракса;

  • Знае (основен) англиски за да може да воспстави комуникација со други амбасадори и да учествува во европски и интренационални настани на оваа тема;

  • Да креира барем една просоцијална активност;

  • Да биде активен/а во онјалн заедницата