Atsiprašome, šis puslapis galimas tik makedonų.

Учениците од II3 одделение, од нашето училиште, реализираа активности во рамките на проектот ПРОСОЦИЈАЛНИ ВРЕДНОСТИ. По покана на  родител(претприемач) и  во соработка со локалната средина, учениците, наставничките и група родители заедно,  остварија посета на Маркетот „Тинекс“ во рамките на ТЦ„Зебра“ . Учениците имаа за цел преку заедничка дружба, соработка и непосредна комуникација да се запознаат со здравата храна, потекло и начин на одржување, запознавање со нови видови овошје и зеленчук кои се одгледуваат и растат во различни поднебја од нашето, да развиваат одговорен однос кон храната, да се поттикнува претприемачки дух и промовирање на етичко однесување на јавни места.

http://oukimcentar.edu.mk/index.php/galerija/foto-galerija/category/63-2018-11-12-22-43-00

Во вториот дел од активноста се реализира ликовно изразување-сликање со основна боја, мотив „Црвени јаболка“.

Leave a Reply