„Мајка Тереза-Пример за хуманост без граници“

Din păcate acest articol este disponibil doar în engleză americană, italiană, spaniolă europeană, turcă, lituaniană, macedoneană și bulgară.

Пријава за учество на конкурс ,,Pro social values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието

„Мајка Тереза-Пример за хуманост без граници“, Светлана Јосифоска, одделенски наставник во ООУ „Лазо Ангеловски“општина Аеродром

Носители на проектот:

ОУ„Лазо Ангеловски“, општина Аеродром , ОУ„Петар Здравковски-Пенко”, општина Чаир, ОУ „7 Марси“, општина Чаир, „Спомен куќата Мајка Тереза“

Опис на активноста:

Предвидени заеднички активности на трите училишта-носители на проектот: „Мајка Тереза-Пример за хуманост без граници“ и „Спомен куќата Мајка Тереза“

Главни активности:

ØОрганизирање на три настани – приредби

-локација 1: ОУ „Лазо Ангеловски“ во април, 2013 (точки на настап од страна на трите училишта);

-локација 2: ОУ „ Петар Здравковски-Пенко “, во април, 2013 (точки на настап од страна на трите училишта);

-локација 3: ОУ „7 Марси“, во мај, 2013 (точки на настап од страна на трите училишта);

-Продажна изложба на традиционални јадења и балони, вклучување на децата со поп

-Доделување на хуманитарен пакет на помош на институтот за белодробни заболувања кај децата

-Доделување на урамени ученички ликовни творби од институијата спомен куќа на мајка Тереза-подарок за институтот за белодробни заболување кај децата

-Завршна приредба на трите училишта пред спомен куќата на мајка тереза

Подготвителни активности:

ØПотпишување на меморандум за соработка помеѓу трите училишта и спомен куќата мајка тереза

Øизработка на план на активности (заедничко планирање на сите три страни);

Øзапознавање на претставници од спомен куќата на мајка Тереза

Øподготовка на традиционални јадења од страна на родителите на учениците;

Øизработка на агенда за денот на настанот

Øизработка и достава на покана

Øизработка на флаер за проектните активности

Øнабавка на хуманитарен пакет за институтот за белодробни заболувања кај децата

 

Дополнителни активности:

ØИзработка и објавување на ликовен и литературен конкурс на тема: мајка тереза-пример на хуманост без граници

ØДоделување на награди за најдобрите ликовни и литературни творби на настаните организирани во трите училишта

Рефлексија:

  • Меѓуетничко дружење и интеракција на учениците и развивање на перцепција на хуманост кај учениците, наставниците и родителите
  • Доделување на урамени ученички ликовни творби од институцијата спомен куќа на мајка Тереза-подарок за институтот за белодробни заболување кај децата
  • Вклучување на децата со поп
  • Вреднување и доделување на книги на наградени ученици на конкурсот    на тема „ мајка Тереза пример за хуманост без граници  “
  • Тимот од собраните пари купува хуманитарен пакет и ги донира на институтот за белодробни заболувања  за децата