Пријава за учество на конкурс ,,Pro social values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности во образованието
„Мајка Тереза-Пример за хуманост без граници“, Светлана Јосифоска, одделенски наставник во ООУ „Лазо Ангеловски“општина Аеродром
Носители на проектот:
ОУ„Лазо Ангеловски“, општина Аеродром , ОУ„Петар Здравковски-Пенко”, општина Чаир, ОУ „7 Марси“, општина Чаир, „Спомен куќата Мајка Тереза“
Опис на активноста:
Предвидени заеднички активности на трите училишта-носители на проектот: „Мајка Тереза-Пример за хуманост без граници“ и „Спомен куќата Мајка Тереза“
Главни активности:
Организирање на три настани – приредби
-локација 1: ОУ „Лазо Ангеловски“ во април, 2013 (точки на настап од страна на трите училишта);
-локација 2: ОУ „ Петар Здравковски-Пенко “, во април, 2013 (точки на настап од страна на трите училишта);
-локација 3: ОУ „7 Марси“, во мај, 2013 (точки на настап од страна на трите училишта);
-Продажна изложба на традиционални јадења и балони, вклучување на децата со поп
-Доделување на хуманитарен пакет на помош на институтот за белодробни заболувања кај децата
-Доделување на урамени ученички ликовни творби од институијата спомен куќа на мајка Тереза-подарок за институтот за белодробни заболување кај децата
-Завршна приредба на трите училишта пред спомен куќата на мајка тереза
Подготвителни активности:
- Потпишување на меморандум за соработка помеѓу трите училишта и спомен куќата мајка тереза
- Изработка на план на активности (заедничко планирање на сите три страни);
- Запознавање на претставници од спомен куќата на мајка Тереза
- Подготовка на традиционални јадења од страна на родителите на учениците;
- Изработка на агенда за денот на настанот
- Изработка и достава на покана
- Изработка на флаер за проектните активности
- Набавка на хуманитарен пакет за институтот за белодробни заболувања кај децата
Дополнителни активности:
Изработка и објавување на ликовен и литературен конкурс на тема: мајка тереза-пример на хуманост без граници
Доделување на награди за најдобрите ликовни и литературни творби на настаните организирани во трите училишта
Рефлексија:
- Меѓуетничко дружење и интеракција на учениците и развивање на перцепција на хуманост кај учениците, наставниците и родителите
- Доделување на урамени ученички ликовни творби од институцијата спомен куќа на мајка Тереза-подарок за институтот за белодробни заболување кај децата
- Вклучување на децата со поп
- Вреднување и доделување на книги на наградени ученици на конкурсот на тема „ мајка Тереза пример за хуманост без граници “
- Тимот од собраните пари купува хуманитарен пакет и ги донира на институтот за белодробни заболувања за децата