Опис на проектот

Просоцијални вредности ќе пристапи на предизвикот за социјална инклузија и образование со тоа што ќе им помогне на децата од 5 до 15 години да ги научат просоцијалните вештини, да развијат интерперсонални односи и на тој начин да го подобрат соживотот и да ја зајакнат својата индивидуалност. Ова ќе се постигне со тоа што ќе се создаде интернационална заедница на училишта кои ќе соработуваат при промоција на активности на национално и интернационално ниво, соодветен тренинг на наставниците и колекција на сериозни игри кои учениците ќе ги користат и ќе ги подобрат нивните социјални вештини. Во текот на првата година партнерите на проектот ќе се фокусират на препознавање на теоретската основа за просоцијалност и користењето на игри во образованието на децата. Целта е што покомпетентно да се развиваат понатамошните исходи. Почетната точка на проектот ќе биде завршена преку анализа на потребите на наставниците зашто тие се првите промотери во заедницата. Нивното знаење и потребата од просоцијално учење ќе биде собрано и анализирано што ќе биде случај и со веќе постоечките активностити и практики, а акцентот ќе биде ставен на рекреативниот аспект и можноста да се трнсформираат идеите во нови игри. Ќе биде креирана база на податоци на просоцијални сериозни игри. Ќе се направи акционен план за создавање, развој и зајакнување на просоцијалната заедница земајќи ги во предвид националните и интернационални потреби. Овој план ќе претставува база за развој на тренинг на наставниците кои се одговорни за своиоте локални заедници. После тренингот на наставниците за специфичните методи преку кои тие ќе подучуваат просоцијални вредности, ќе започне фазата на истражување. Ќе се измери и анализира подобрувањето на социјалниот живот во училиштата кои се вклучени во проектот. Две интернационални конференции, локални семинари и работилници и три билтени ќе придонесат кон десеминацијата и примената на резултатите од проектот. Како додадток на тренингот ќе се направи сериозна игра со различни нивоа на тежина.

Одрекување

Овој проект е финансиран со поддршка на Европската комисија во областа на програмата Еразмус + КА2. Оваа публикација ги рефлектира само ставовите на авторот, а Италијанската национална агенција или Европската комисија не се одговорни за каква било употреба што може да се направи од информациите содржани во неа.

Leave a Reply