Учење насочено кон подобрување на комуникацијата

Desculpe, este conteúdo só está disponível em inglês (EUA), italiano, espanhol europeu, turco, lituano, macedónio e búlgaro.

Учење насочено кон подобрување на комуникацијата, ООУ ЈХ Песталоци – Скопје, Евдокија Петрушевска 

Опис на  активноста: Развивање говор и комуникација со останатите преку куклениот театар во училницата. Играњето со кукли го поттикнува детето на говор. Познато ни е дека интровертните и децата кај кои постои некаков страв многу лесно се ослободуваат и се впуштаат во активен говор со куклите. Заради тоа куклата е идеално средство за развој на говорот како во редовната настава, така и во воннаставните активности.  Уште во првите денови на престојот на малите првачиња во паралелката, куклата ја користам како средство за: 

  1. дијагностицирање на говорната способност (на почетокот од учебната година и адаптација на новата средина)
  2. формирање на реченици и богатење на речникот
  3. раскажување и прераскажување
  4. драматизации,
  5. сценска изведба
  6. развивање способност закомуницирањеra 
  7. социјално развивање (да се научат да се слушаат и почитуваат другите),
  8. развивање на морални и духовни вредности,
  9. запознавање на самиот себе,
  10. усвојување нови знаења и вештини

 Играјќи со куклите децата си играат со зборовите, ги повторуваат, ги менуваат и создаваат нови реченици при што и самите се соговорници и говорници. Се користат со дијалошки и монолошки метод. Се обидуваат да го репродуцираат  текстот (гласот ) кој го слушнале (од наставникот, соученикот, родителот,артистот…) и така имитираат (менување на интензитетот на гласот,интонацијата, висината на тонот) со што самостојно работат на говорните вредности на својот јазик.  Continue Reading →

Активно слушање, Билјана Георгиеска, ООУ„Гоце Делчев“ – Прилеп 

Desculpe, este conteúdo só está disponível em inglês (EUA), italiano, espanhol europeu, turco, lituano, macedónio e búlgaro.

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

Активно слушање, Билјана Георгиеска, ООУ„Гоце Делчев“ – Прилеп

Опис на активности:

Цели

– да ги  знае правилата на активно слушање

– да умее да се воздржува од користење на невербалните знации вербалните изрази кои имаат негативно влијание врз односите со другите

Воведна активност

– Сите ученици беа поделени во парови и застанаа еден спроти друг. Едниот од парот замислува дека стои пред огледало во кое се гледа и се движи на сите можни начини- некогаш побрзо, некогаш побавно. Другиот ученик го претставува неговиот одраз во огледалото и се движи имитирајќи ги неговите движења. По 2-3 минути улогите во паровите се менуваа.Тој што се движи, додека го посматра својот одраз гледаше дека се движи бавно.Активноста заврши по 2-3 минути. Наставникот објасни  дека невербалниот говор како во овој случај може да помогне во комуникација со луѓе кои ги запознаваме и затоа треба да се внимава како се употребува. Continue Reading →

,,СВЕТОТ ОКОЛУ НАС,,СЕ ДРУЖИМЕ ,СИ ПОМАГАМЕ И УЧИМЕ, РАДИЦА МИЦЕВСКА, МАРИЈА ПАВЛОВА, ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР СМАРТ ЕНД ХЕПИ КИДС – ШТИП 

Desculpe, este conteúdo só está disponível em inglês (EUA), italiano, espanhol europeu, turco, lituano, macedónio e búlgaro.

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

“Светот околу нас,,се дружиме ,си помагаме и учиме”- Радица Mицевска, Mарија Павлова, Eдукативен центар Смарт енд Хепи кидс – Штип 

Опис на активноста:

Летото е омилен период за децата  и земајќи ги во предвид нивните потреби за престој во природа , организираме настава во природа (екскурзии) кои претставуваат облик на воспитно-образовна воннаставна Continue Reading →