Учење насочено кон подобрување на комуникацијата

Desculpe-nos, mas este texto está apenas disponível em inglês americano, italiano, espanhol europeu, turco, lituano, macedônio y búlgaro.

Учење насочено кон подобрување на комуникацијата, ООУ ЈХ Песталоци – Скопје, Евдокија Петрушевска 

Опис на  активноста: Развивање говор и комуникација со останатите преку куклениот театар во училницата. Играњето со кукли го поттикнува детето на говор. Познато ни е дека интровертните и децата кај кои постои некаков страв многу лесно се ослободуваат и се впуштаат во активен говор со куклите. Заради тоа куклата е идеално средство за развој на говорот како во редовната настава, така и во воннаставните активности.  Уште во првите денови на престојот на малите првачиња во паралелката, куклата ја користам како средство за: 

  1. дијагностицирање на говорната способност (на почетокот од учебната година и адаптација на новата средина)
  2. формирање на реченици и богатење на речникот
  3. раскажување и прераскажување
  4. драматизации,
  5. сценска изведба
  6. развивање способност закомуницирањеra 
  7. социјално развивање (да се научат да се слушаат и почитуваат другите),
  8. развивање на морални и духовни вредности,
  9. запознавање на самиот себе,
  10. усвојување нови знаења и вештини

 Играјќи со куклите децата си играат со зборовите, ги повторуваат, ги менуваат и создаваат нови реченици при што и самите се соговорници и говорници. Се користат со дијалошки и монолошки метод. Се обидуваат да го репродуцираат  текстот (гласот ) кој го слушнале (од наставникот, соученикот, родителот,артистот…) и така имитираат (менување на интензитетот на гласот,интонацијата, висината на тонот) со што самостојно работат на говорните вредности на својот јазик.  Continue Reading →

Activities for children and adults for developing kindness and empathy

Just like being fit requries working out the body muscules, developing empathy and kindness requries practicing those skills in order to be able to recognize, pro-actively use and share them with the others. The following article provides many different activities and worksheets which could be use with people of all ages:https://positivepsychologyprogram.com/kindness-activities-empathy-worksheets

 

 

 

Учење преку игра- Inno4Edu хакатон

Desculpe-nos, mas este texto está apenas disponível em inglês americano, italiano, espanhol europeu, turco, lituano, macedônio y búlgaro.

Три дена гејмери, графички дизајнери и уметници работеа со десет ментори од Бирото за развој на образованието, академици и едукатори од предучилишно образование и од основно образование на заедничко создавање електронски игри за поттикнување на учењето преку игра.

Најдобрите онлајн и дигитални игри што ќе се подготват на овој хакатон ќе бидат вклучени во националната веб платформа за образование – онлајн библиотека со едукативни игри и ресурси за родители и наставници кои ќе служат за да се збогатат можностите за учење на децата од предучилишна возраст и во првиот циклус на основно образование (од 1 до 3 одделение).

“Учењето преку игра е еден од најважните начини на кои малите деца стекнуваат суштински знаења и вештини. Тие играат за да го разберат светот околу нив. При изборот да играат со она што им се допаѓа, децата развиваат вештини во сите развојни домени: во интелектуалниот, социјалниот, емоционалниот и физичкиот домен. Подеднакво важно е што тие ги развиваат вештините неопходни за учење како што се способноста за решавање проблеми, анализа, проценка, примена на знаењето и креативност,“ Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.

Глобалните истражувања покажуваат дека учењето преку игра ги подобрува академските и развојни резултати на децата. Исто така, тие потврдуваат дека има долгорочни придобивки од програмите за развој во раното детство во кои децата се изложени на учење и решавање проблеми преку самоиницијативни активности и насоки од наставниците. Иако традиционалниот пристап кон учењето во основните училишта е фокусиран на предавања, истражувањата покажуваат дека учењето преку игра е подеднакво ефективно и во програмите во основните училишта.

Практичните алатки кои ќе бидат достапни на веб платформата се дизајнирани за да го поддржат учењето преку игра на сите места каде што детето најчесто престојува – дома, во предучилишните установи и на училиште.

Inno4Edu хакатонот се организира во партнерство со СмартАп – Лабораторија за социјални иновации со поддршка од Владата на Велика Британија преку Британската амбасада во Скопје во партнерство со УНИЦЕФ, Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика и Бирото за развој на образованието како дел од програмата „Создавање средина што овозможува подобрување на квалитетот на образованието преку ко-креирање и иновации“.

Текстот е превземен и споделен од веб страната на УНИЦЕФ

https://www.unicef.org/northmacedonia/mk/соопштенија/учење-преку-игра-inno4edu-хакатон

УНИЦЕФ ги промовира правата и добросостојбата на сите деца, во сé што работиме. Заедно со нивните партнери, работат во 190 земји и територии за да ја спроведат таа заложба во практична акција за доброто на сите деца, секаде, фокусирајќи се особено на најралнивите и најмаргинализирани деца.

За повеќе информации за УНИЦЕФ и нивната работа за децата, посетете ја www.unicef.mk.

Можете да го следите УНИЦЕФ на TwitterFacebook, Instagram и YouTube.

 

Image may contain: 5 people, people sitting

Image may contain: 6 people, people sitting

Реализирани активности во рамките на проектот ПРОСОЦИЈАЛНИ ВРЕДНОСТИ

Galeria

Desculpe-nos, mas este texto está apenas disponível em inglês americano, italiano, espanhol europeu, turco, lituano, macedônio y búlgaro.

Учениците од II3 одделение, од нашето училиште, реализираа активности во рамките на проектот ПРОСОЦИЈАЛНИ ВРЕДНОСТИ. По покана на  родител(претприемач) и  во соработка со локалната средина, учениците, наставничките и група родители заедно,  остварија посета на Маркетот „Тинекс“ во рамките на ТЦ„Зебра“ . Учениците имаа за цел преку заедничка дружба, соработка и непосредна комуникација да се запознаат со здравата храна, потекло и начин на одржување, запознавање со нови видови овошје и зеленчук кои се одгледуваат и растат во различни поднебја од нашето, да развиваат одговорен однос кон храната, да се поттикнува претприемачки дух и промовирање на етичко однесување на јавни места.

http://oukimcentar.edu.mk/index.php/galerija/foto-galerija/category/63-2018-11-12-22-43-00

Во вториот дел од активноста се реализира ликовно изразување-сликање со основна боја, мотив „Црвени јаболка“.

Преку театарска игра до емпатија (методот на “театар на угнетените“)

Desculpe-nos, mas este texto está apenas disponível em inglês americano, italiano, espanhol europeu, turco, lituano, macedônio y búlgaro.

Пријава за учество на конкурс  ,,Pro Social Values работилница“ за имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

Работилниците се инспирирани од практиките на “театарот на угнетените“ на Аугусто боал, тетарска методологија која ги подготвува и оспособува луѓето, односно учениците да го трансформираат општество, односно однесувањето во училницата преку теАтарска игра. на тој начин им се дава алатка на педагозите да ги надминат непријатните и несакани случувања во училиштето. Оваа методологија претставува театарска игра во која проблемот е прикажан во една нерешена форма, гледачите постануваат “глед-актери“ и се поканети самите да сугерираат и донесат решенија. Проблемот е најчесто угнетување и генерално вклучува видлив угнетувач и протагонист кој е угнетуван. играта е форма на натпревар помеѓу глед- актерите кои се обидуваат да и дадат поинаков крај на драмата. Continue Reading →